СЕ БАРААТ ТАКИ ФИТИ И НЕГОВИОТ БРОЈЧАНИК: Дуото Заев-Групер денеска ја задолжи „Северна“ за нови 20 милиони евра!

/ 05.11.2019

Денеска Владата повторно не задолжи преку одржана аукција на државни хартии од вредност од 1.200.000.000 денари, односно околу 20 милиони евра.

И покрај секојдневните задолжувања, поголемиот број т.н. експерти и економисти молчат за фактот кој претходно секојдневно се споменуваше, а според кој долгот на Македонија не смее да ја надмине границата од 50 отсто од БДП. Меѓу оние кои порано беа гласни беше и првиот човек на МАНУ која веќе не се вика МАНУ, Таки Фити, а кој сега молчи.

Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очајни нешто над 30 % заклучно со месец септември што според економистите е катастрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

Ова според експертите исто така има негативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад а кое е тесно поврзано со растот на БДП бидејќи градежништвото е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тешко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.

Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и дека јавниот долг нема да расте но податоците го покажуваат сосема спротивното .


Од истата категорија