Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер објави дека боледува од вирус кој предизвикал парализа на половина од неговото лице, поради што морал да откаже неколку настапи за да се посвети на закрепнувањето.

Во видеото коешто во петокот го објави на Instagram, Бибер наведува дека му е дијагностициран Ремзи-Хантовиот синдром, кој погодил нерви во увото и на лицето. Пејачот опиша дека неговото десно око воопшто не трепка. За неговиот случај прилог објави и Си-Ен-Ен, а прилогот на својот ГЕТТР профил го сполдеи еден до најпознатите научници на светот во областа на вирусологијата и вакцините – д-р Роберт Малоун.

Проблемот е што синдромот како тој кај Бибер, според експерти од Мајо клинката, се појавува како последица на активирањетето на херпес зостер вирусот, а научниците истакнуваат дека таквата активација во последните две години е можна како последица на мНРА вакцините (евентуално на самата болест КОВИД 19). Си-Ен-Ен не објавува дали Бибер бил вакциниран против корона вирусот, но фактот што д-р Малоун го споделува прилогот, дава индикација за такво нешто. Токму Малоун е човекот кој во секој негов настап за мНРА вакцините истакнуваше дека нивното примање може да ги активира латентите вируси во телото, меѓу кои спаѓа и херпес-зостер вирусот.

Дваесет и осумгодишниот пејач вели дека на едната страна од лицето не може да се насмее и оти едната страна од лицето му е „целосно парализирана“.

Наведе дека моментално физички не е во состојба да ги одработи планираните настапи, како и дека прави вежби за лицето за што поскоро да закрепне.

„Сѐ повторно ќе биде во ред, прашање на време е, само што не знаеме точно колку“, порача Бибер.

Бибер се прослави уште на 13-годишна возраст кога стана глобална поп-сензација со хитовите „Baby“ и „Believe“. Двапати ја доби престижната музичка награда Греми од вкупно 22-те номинации, меѓу кои се и за албум и песна на годината за годинешниот проект „Peaches“.