Д-р Звездна ГЕОРГИЕВА

„Соматично“ доаѓа од физичкото, а „психо“ доаѓа од душата.

Физичката болка е последица на негативна емоција на енергетскиот модел на мислата и поведението на човекот.

Психосоматскиот проблем се јавува кога умот не ни дозволува да се сретнеме со нешто ново, доколку тоа ново ни ја тревожи психата.

Така, тоа „нешто ново“ избива во телото како физичка болка, која може да прерасне во хронична болка за која нема реална физичка причина.

Гневот, стравот, растревоженста и сл. се причина за мигрена, дијабет, болки во грбот, во градите (ова често се јавува кај мажите) итн.

Зад овие болки се крие модел на мислата поради што треба да се работи со психолог.

1. Главоболката (која често е проблем на „јас сум“), нашето место во светот или во семејството – сето тоа ако ни создава проблем, треба да се обработи со психолог.

2. Кожните проблеми, исто така, често се дел од психоматиката. Зад тие физички проблеми стојат психички проблеми – оценката за себе си, нарушување на личните граници кон човек или општеството итн.

3. Дијабетисот е поврзан со работата на ендокриниот систем, а оттаму и со емоцитте. Силните емоции кои не се пројавиле преку умот или поведението на човекот, туку останале внатре, длабоко во душата. водат до таа болест. Нашите желби кои останале неисполнети, исто така, ја носат таа последица. На пример, незадоволството во љубовта се компензира преку храната, што може да доведе до физичко разболување.

4. Проблемите со косата често се врзани со страв од некого или од нешто што води до тој проблем. Психолог може да го обработи тој модел на негативна мисла за да се излекувате. Слично е и со беспомошноста при загубата на некој или нешто.

5. Кога човек не може нешто да преобмисли нешто во животот, се создава емоција која може да создаде проблеми со забите, како што неспсобноста да се прими, да „се голтне “ некоја информација, настан или случка, може да го разболи грлото или штитовидната жлезда.

6. Болките во кичмата и грбот се поврзани со проблеми од финансиска смисла, проблеми на работата, ако се изгуби спокојството, односно ако се нема поткрепа во сето тоа од саканите луѓе. За сето ова треба да се побара помош од психолог.

7. Пробеми со стомакот кои се манифестираат како гастрит и сл, обично се јавуваат кога човек не може да прими, да „свари“ некоја информација, да се ослобди од нејзе или од некои настани во секојдневието од животот.

8. Астмата е болест на 21 век. Го засегнува дишењето, односно вдишувањето и издишувљњето. Симболично, таа е поврзана со „давањето и примањето“ кое може да е материјално или духовно.

9. Болката во рамениците симболично означува дека човекот носи голем товар врз своите плеќи, односно има многу одговорности (работни, лични итн).

Кога ќе открие што стои зад симтомите ќе може да ја излекува и болеста, а со тоа ќе ја снема и болката.

Работата на психологот е од големо значење за обработување на психосматиката кај човекот, што води до побрзо оздравување на телото и духот.