Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со кралицата Елизабета Втора во замокот Видзор во Лондон.

Многумина чекаа тој да го прекрши протоколот за време на средбата со кралицата.

Како што пишуваат британските медиуми, тоа успеа да го направи двапати за само неколку моменти.

На многу снимки, беше забележано дека Трамп одеше пред стражата малку збунет, и направи неколку чекори пред кралицата. Кралицата потоа мораше да ја избере страната кога Трамп малку застана.

Пред тоа, Трамп и неговата сопруга Меланија го скршија протоколот кога ја поздравија кралицата. Имено, ниту едениот ниту другиот не се поклонија, туку едноставно се ракуваа.

Поклонувањето пред кралицата не е обврска, но се смета за манир и го практикуваат речиси сите пред кралицата.