Европскиот комесар за финансии, Јоханес Хан, се ожени со својата долгогодишна партнерка, поранешната австриска вицеканцеларка Сузана Риес-Пасер.
Рис-Пасер моментно е генерален директор на групата „Вистенрот“, а претходно беше висок функционер на Слободарската партија на Австрија (ФПО).
– Се венчавме во кругот на семејството и пријателите на имотот Ајдербил и се радуваме на заедничката иднина, се вели во соопштението на новата брачна двојка.
На свадбата присуствувал поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и австрискиот тајкун Рене Бенко.
Тие се во врска од 2015 година.