Џорџ Клуни вчера доживеа сообраќајна несреќа во Коста Коралина, Италија, кога со својот мотоцикл удри во автомобил по што заврши на Ургентниот центар. Видео од моментот на судирот објави италијанскиот „Кориера дела сера“, а на нега се гледа дека автомобилот ја променил насоката и удрил во мотоциклот што го возеше познатиот холивудски актер.