Се повеќе британски државјани бараат пасоши од земји на ЕУ по спроведениот референдум за излез од Унијата, познат како Брегзит, објави Би-би-си.
Во 2017 година вкупно 13.141 државјанин на Обединетото Кралство побарале државјанство во 18 земји во ЕУ. За споредба, во 2016 имало 5.056 побарувања, а во 2015 само 1.826.
Најмногу се бара германското државјанство за кое во 2015 имало само 594 барања, додека лани таа цифра скокнала на 7.493.
-Имам чувство како Евопа да се распаѓа. Сакам да бидам дел од Европа-изјавил за Би-би-си Пол Пети кој добил германско државјанство, а го зачувал и британското.Тој го исполнил условот врз основа на мајка му која била еврејска бегалка.
Следните земји на листата како најпосакувани за Британците за стакнување државјанство се Франција и Белгија, како и Шведска.
Иако вадењето државјанство варира од земја до земја, сепак, во моментов можноста за двојно државјанство важи за Германја, а во оној момент кога Велика Британија и формално ќе ја напушти Унијата таа можност нема да важи за Британците, односно тие ќе мора да се откажат од британското за да се стекнат со германско државјанство.