Штрајкот на германските аеродроми се проширува. Имено, германските синдикати објавија за големиот штрајк на вработените во безбедноста на аеродромот во Франкфурт, што ќе се одржи утре, се вклучиле и други аеродроми.
Предвидени се еднодневни протестни акции на аеродормот во Хамбург. Штрајк е најавен и на аеродромите во Хановер, Бремен, Лајпциг-Хале, Дрезден и Ерфурт.
Синдикатот бара зголемување на платата за 20 евра на час за службеници задолжени за безбедноста. Претходно, поради штрајкови беа откажани стотици летови од аеродромите во Дизелдорф, Штутгарт и Берлин. Се очекува сериозно нарушување на воздушниот сообраќај, нагласуваат гермаснките медиуми.