Тимот за национална безбедност од Белата куќа побарал есента од Пентагон варијанти за напади врз Иран откако бил нападнат реон во Багдад каде се наоѓа американската Амабсада, објави Волстрит џурнал.

Според весникот, кој се повикува на сегашни и поранешни американски претставници, барањето на Советот за национална безбедност, предводен од Џон Болтон, предзвикало сериозна тревога во Пентагон и Стејт департментот.

Пентагон го исполнил барањето, но не е јасно дали варијантите за напади врз Иран биле претставени на Белата куќа и дали претседателот Доналд Трамп знаел за тоа.

Во нападот во реонот во Багдад, учествувале групи поврзани со Техеран.