Британската премиерка Тереза Мај повторно ќе ги повика денеска парламентарците да го одобрат договорот со ЕУ, на ден пред гласањето, со предупредување дека ако тоа не се случи, Велика Британија може да биде во катастрофална ситуација.

Според Меј, отфрлањето на тој тежок договор со ЕУ, кој не го одобруваат и еврофилите и приврзаниците на брегзит, се заканува да ја компромитира Британија и да ја саботира демократијата.

Во говорот што Меј ќе го одржи во Стоук, бастион на поддржувачите на Брекит, се очекува да ги повика пратениците да не ги разочараат оние кои гласаа на референдумот во 2016 година за да се напушти ЕУ.

„Сите ние имаме должност да го примениме резултатот од референдумот, во спротивно, тоа катастрофално ќе наштети на довербата на народот во демократскиот процес и неговите политичари”, нагласува Меи во говорот од кој британски медиуми денеска објавија делови.

„Ако договорот не биде усвоен, Велика Британија ризикува да ја напушти ЕУ на 29-ти март без договор – сценарио од кое стравуваат економските сфери – или, кое е поверојатно, воопшто да не го напушта блокот“, потенцира Меј.