Независниот кандидат на парламентарните избори во Пакистан, Мохамад Ахмед Мугал се самоуби бидејќи неговите синови не ја поддржувале неговата политика, соопшти денеска полицијата.
Мугал беше кандидат за пратеник и на национално и на регионално ниво во градот Фајселабад.
Според зборовите на Мугал, тој бил соочен со опозицијата и во сопственито дом, бидејќи неговите синови ги поддржувале противкандидатите.
МИА