Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот бугарски колега Румен Радев одлучија повторно да го воспостават дијалогот меѓу двете земји, е објавена по нивната вчерашна средба. „Росијскаја газета” пишува дека двајцата претседатели „детално разговарале” во Сочи за односите меѓу Москва и Софија во различни сфери, вклучувајќи и за проблематичните.
„Самиот факт дека таквите преговори се одвиваа е добар сигнал за обновување на руско- бугарските односи во целосен формат“, се наведува во денешниот напис на рускиот весник.
Руските медиуми информираат дека на средбата било дискутирано за обнова на гасоводот Јужен поток и ја издвојуваат изјавата на Радев дека веднаш по пристигнувањето во Сочи, тој рекол дека сака да го „воскресне“ проектот. Пред неколку години, Бугарите под притисок од ЕУ, го погребаа овој проект, крајно профитабилен за сите од економска гледна точка, и забранија Русија да го доведе гасоводот до бугарскиот брег. Во Бугарија останаа поставените цевки донесени за почетокот на изградбата.
Путин на средбата истакнал дека во „последниве години Бугарија не направила посебен напор да се сврти кон Русија“.Одговарајќи на новинарско прашање, Путин рече дека проектот е се уште можен”, но притоа побарал „апсолутно челични гаранции од правна природа”. Тој ветил дека ќе ги продолжи разговорите за нафтоводот со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој ќе ја посети Москва за неколку дена, наведува рускиот весник.