Огнениот прстен во Пацификот е погоден од серија силни земјотреси – триаголникот што го формираат Орегон, Вануату и Венецуела се тресе во изминатите 24 часа.
Повеќе од 70 земјотреси го стресоа Огнениот прстен што се должи на силна геолошка тектонска активност која се протега од Јужна Америка до Австралија преку САД и Источна Азија.
Најпрвин беше погодена Венецуела со силен потрес од 7,3 степени, по што тресење почуствувале граѓаните на северот на Јужна Америка и на Карибите. Жителите на Венецуела изјавуваат дека потресот траел долго и оти било страшно. Луѓето во паника истрчале на улица.
Потресот бил почуствуван и во Каракас, како и во Тринидад и Тобаго и Св. Луција. Во Тртинидад и Тобаго имало оштетени објекти. Вануату е погоден од потрес со јачина од 6,7 степени.
Третиот земјотрес го погоди Орегон, САД. Тој бил со епицентар во Бендон и бил со јачина од 6,3 степени, а на длабочина од 10 километри.
Нема вести за жртви, како ни предупредување за цунами.
По овие силни потреси во последните 24 часа се зголемија стравувања од можен „голем земјотрес“ кој би ги погодил западните американски држави, или, пак, некој „мега земјотрес“ во Азија или во Јужна Америка.
Ричард Астер, геофизичар од Универзитетот во Коларадо неодамна предупреди дека е можен потрес од 7 степени во Калифорнија. Тој притоа објасни дека многу жители на Калифорнија знаат што се земјотреси, но не почуствувале некој силен, како на пример од 7 степени.
Инаку, по мега земјотресот од 7,3 степени Венецуела е погодена од уште еден разорен земјотрес од 5,7 степени. Истите случувања ја погодија и Тринидад и Тобаго, одалечено само 170 км од епицентарот на двата земјотреса.
Вториот ја погоди Венецуела околу 15 и 30 часот по европско време, создавајќи дополнителен хаос во земјата и регионот.
Во главниот град на Венецуела, Каракас, пријавно едека има оштетувања и на големите згради.