Најмалку едно лица загина кога денеска се урна седумкатна станбена зграда во Форталеза, град во североисточен Бразил.

Спасувачките служби информираа дека досега три лица се пронајдени живи.

Засега не е познато колку лица имало во зградата во моментот на несреќата.

Зградата се наоѓа во центарот на градот, кој има 2,6 милиони жители.