Висечкиот мост на реката Тарн во Мирепоикс-сур-Тарн, северо-источно од Тулуз се урна утрово при што загина 15-годишно момче, седуммина се поврдени, а неколку лица се водат како исчезнати, јави дописникот на МИА.
Висечкиот мост се урна кога камион поголема од дозволената тежина помина преку него, а два автомобила што биле зад камионот исто така паднале во реката кога се урна мостот.
По несреќата една жена успеала да доплива кон брегот.
Стотици спасувачи се на лице место: пожарникари, жандарми, нуркачи, тимови за кучиња.
Мостот долг 150 метри и широк пет метри, беше реновиран во 2003 година.