Македонија првпат ќе воведе кривично дело „екоцид“, а обвинет сторител за ова дело ќе се соочи со затворска казна од 10 години до доживотен затвор, пишува порталот СДК.

„Тој што спротивно на прописите, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор“, стои во новиот Кривичен законик.

Главата 25 од предложениот Кривичен законик – Кривични дела против животната средина и природата изобилува со сериозни затворски казни за загадувачите, а докажувањето на загадување на воздухот, на водата, на почвата, природата, со новите измени се упростува.

На пример, тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во најмалку двојно поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една година до три години“.

Целата статија ТУКА.