Македонската фудбалска репрезентација утре во термин од 20,45 минути ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на Нации каде во Луцерн се среќаваме со Швајцарија.

Денеска нашите репрезентативци го одработија редовниот официјален тренинг .

По тренингот се одржа и редовната пред конференција на кој се обрати селекторот Гоце Седлоски и репрезентативецот Висар Муслиу.

” Пред десет дена игравме со Швајцарија, знаеме каква репрезентација е и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч во Скопје. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме и головите што ги примивме, со колективна игра, еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Еден добар натпревар за нас сакаме и да се израдуваме по поразите кои ги имавме.
Знам дека критиките нека одат кон мене, а играчите да добијат поддршка. Потребна им е во овој момент. Здравствениот билтен е добар, немаме повредени, сите се во тренажен процес и се спремни за мечот. Мотивацијата треба да дојде сама по себе, полн стадион, вакви големи натпревари, треба да ја носат.
Немаме победено натпревар, немаме гол дадено, на сите играчи им дадов шанса на овие три меча. Ќе има новитети кои не играле, затоа што во краток период, четири меча за 12 дена, се тешко да се издржи. Не ги критикувам играчите дека не даваат се на терен, но противниците се тие кои некогаш не ти дозволуваат.
На натпреварот кој го игравме во Скопје, Алиоски требаше да влезе и почувствува болка во листот. Имаше терапии кои ги правеше и дојде пред последниот натпревар кој го игравме, беше на трибините, за да не ја повтори победата. Сигурно дека ќе биде во конкуренција да почне.
Сите играчи кои се повикани, ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период, толку натпревари во кратко време. Е, сега, кој ќе биде на терен ќе видам уште еднаш.
Последниот тренинг мина добро, сите се спремни и имаат желба. Излегуваме да се покажеме, а кој ќе игра, ќе одлучам утре. Од секој играч сакам подобро. Тука има момци кои се млади, кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри. Секој меч е поинаков, но мора да се сите спремни за секој меч што им следи. “