Македонскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров имаше добра премиера во евро-куповите.

„Лавиците“ во Скопје го победија чешкиот тим Брно (22-18) и со солидна предност ќе патуваат на реваншот на гостински терен во Европскиот Куп на ЕХФ.

Добра голгетерска залиха пред реваншот во Бањик. Разликата се направи во последните десет минути, кога од 15-15, Ѓорче Петров се одлепи.

Трпеска и Ризоска во овие моменти дадоа по два гола, за предност на Ѓорче Петров од 19-15, позитива од четири гола која се држеше константно.

Конечниот резултат беше четири гола победа за македонскиот тим (22-18).

Анџела Губерниќ беше најдобра кај стрелците кај „лавиците“ со седум гола, а Емилијана Ризоска постигна вкупно четири гола. Кај Бањик Мост, Макета Шустачкова имаше вкупно четири гола.