Седум лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои и тројца пожарникари, при пожар кој избувна во станбена зграда во Париз.

Билансот на жртвите во огнената стихија може да биде поголем, имајќи предвид дека огнот се уште не е изгаснат на седмиот и осмиот кат од зградата,што се наоѓа во југозападниот дел од Париз.

Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, по што интервенирале ококолу 200 пожарникари.

Пожарникарите спасиле триесетина лица, кои побегнале на покривот од зградата. Евакуирани се и соседните згради.

Во моментов повеќе улици во овој луксузен кварт на Париз се блокирани од полицијата и пожарникарите.