СДС го постави Слободан Трендафилов на чело на ССМ. Тој молчеше додека на власт беа СДС, а сега глуми синдикалец. Слободан Трендафилов е избран за претседател на ССМ на еден крајно насилен начин, со изигрување на прописите, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Трендафилов не можел да биде лидер на ССМ, бидејќи претходно не бил претседател на грански синдикат, туку секретар.
Нелегалното поставување на Трендафилов на чело на ССМ беше дозволено од власта на СДС, целиот државен систем го одмолче незаконието, се со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој ќе биде мирен додека на власт е СДС, а ќе глуми синдикалец додека тие се опозиција.
Сега Трендафилов е во целост усогласен со СДС. Но како беше? Слободан Трендафилов како синдикалец одмолче кога Талат Џафери пцуеше вработени во собранието, не реагираше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, премолче систематско деградирање на работникот во време на СДС, за сега наеднаш како на тастер да се буди од зимски сон.
Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува СДС“, потенцира Петрушевски.
Народот го прочита Трендафилов, затоа што со ВМРО-ДПМНЕ платите растат и во образованието и во здравството, а со растот на економијата континуирано растат и во стопанството, додаде Петрушевски.