Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го обвини ДУИ дека се обидува да ги поткупи независните медиуми, и финансира партиски портали со пари на граѓаните.

Тој рече дека активист кој доставувал пици за пратениците на ДУИ е именуван за заменик директор на државна лотарија и со пари од истата финансира портали во служба на партијата, објави Њуз33.тв.

-вознемирувачки се и останатите обиди на оваа партија кои ние ги гледаме од страна, кој вцело време се обидува и купува медиуми преку пари на граѓаните, преку луѓе кои до вчера биле пица доставувачи на пратениците на ДУИ, а денеска се заменици директори како во Државната лотарија на Македонија и гледате многу портали кои се ориентирани на напади кон опозицијата, притоа правејќи им ПР на ДУИ, ќе ги најдете и одговорите за кои медиуми станува збор кои 24 часа се во служба на режимот, на партијата која ја потисна слободата на говорот,и која што продолжува уште повеќе да ја потиснува истата, рече Села.