Ако се земе предвид што се бара Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, вели лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и додава дека е Бугарија треба да го признае македонското малцинство таму.
– Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век. Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми. Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедството е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин, изјави Села во Студио 10 на ТВ 24.