Зошто сите споменици од Скопје 2014-та да не ги однесеме во депонијата во Ѓорче Петров, реторички запраша денеска градоначалникот Петре Шилегов, кој во Скопје гради Парк на диносауруси.

– Зошто да не ги однесеме сите споменици на едно место? На пример тоа би можело да биде во расчистената депонија во Ѓорче. Ќе изгледа како мементо парк, што ќе можат да го посетуваат сите кои сакаат да се сеќаваат на малото диктаторче. Таков пример имаме од Унгарија, која сите споменици од комунизмот ги однесе во т.н. мементо парк, рече Шилегов.

Тој нагласи дека тоа би било одлично решение со оглед на сериозната поделеност на општеството.

– Мојот став во врска со проектот Скопје 2014 е непроменет, но сметам дека дека треба да имаме разбирање за чувствата на одредени граѓани, затоа дислокацијата ќе ја направиме на начин што никој нема да биде навреден, додаде Шилегов.

Скопскиот градоначалник ги сака диносаурусите, а му пречат спомениците на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Солунските атентатори…