Полициски службеници од СВР Скопје вчера го уапсиле 62-годишен маж од Скопје со иницијали М.Г. поради наводно силување на својата ќерка.

Како што информираат од МВР, истиот ден во раните утрински часови, неговата 29-годишна ќерка во полициска станица пријавила дека на 9 ноември во 22 часот во семејната куќа во Скопје врз неа била извршена обљуба и во неколку наврати била физички нападната, од страна на нејзиниот татко.

М.Г. бил задржан во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.