Британскиот премиер, Борис Џонсон, се соочува со тужба од околу 2.000 семејства кои загубиле еден или повеќе членови на нивните семејства поради коронавирусот.

Досега во Велика Британија од Ковид-19 умреа 124.419 лица, што е најголем број на смртни случаи во една европска земја. Велика Британија, притоа, е петтата земја во светот според смртоноста, веднаш зад САД, Бразил, Мексико и Индија.

Весникот „Дејли меил“ денеска пишува дека новоформираната група „Ожалостени семејства кои бараат правда“ сака да ја принуди владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Велика Британија се бори против пандемијата.

Група адвокати од канцелариите на Пит Ведерби и Елкан Албрахамсон овој месец ќе им пишат на министрите за да ги информираат дека се спроведува судска постапка пред Високиот суд.

Досега, Џонсон одбиваше да нареди експертско истражување на владиниот одговор на пандемијата на коронавирусот, барајќи прво сакал да се намали ризикот од нови инфекции.

Адвокатите велат дека огромен број Британци умреа „непотребно, поради грешки на владата“ и дека истрагата мора да се спроведе и поради човековите права, пишува лондонски „Тајмс“.

Оваа група ожалостени семејства сакаат да спречат повторно да има голем број смртни случаи, и по тој повод тие напишаа порака на нивната веб-страница: „Членовите на семејствата и  државата заслужуваат одговори“.