Репрезентациите на Колумбија и Јапонија се пласираа понатаму по првите два денешни натпревари. Колумбија го победи Сенегал со 1:0, со ист резултат славеше отпишаната Полска над Јапонија, но самураите одат понатаму затоа што имаат помалку жолти картони од Африканците, кои во последните минути можеа да се спасат или ако постигнат гол или доколку некој играч на Јапонија добие црвен картон.

Ова е прв ваков случај во историјата на светските првенства и веројатно во историјата на фудбалот.