При резултат 0:0 на натпреварот меѓу Германија и Јужна Кореја и при водство на Шведска против Мексико со 3:0, на Германците им требаше само еден гол и победа од 1:0 против аутсајдерот за понатамошен пласман. И кога сите очекуваа да се случи вообичаеното, Германците да постигнат гол макар во последната секунда, се случи обратното. Аутсајдерот од Азија постигна гол во 92 минута, но судијата го поништи. По прегледување на снимката, во драматични секунди не само за Германците, туку и за милионите навивачи низ цел свет, голот беше признат. Останаа уште четири минути, но на Германија сега и беа потребни два гола и победа од 2:1 за пласман.
Следеше нивен напад. шанса, промашување, контра на Кореанците и нов гол. неверојатно, но Јужна Кореја поведе со 2:0, така и заврши овој натпревар, и Германците, шампионите од последното СП во Бразил кога го декласираа домаќинот, си заминуваат дома. Невидена сензација.
На другиот меч, Шведска победи со 3:0 против Мексико и победа на германците ги исфрлаше Мексиканците, но овој пат, Кореанците и среќата беа на ннвна страна.