Српската репрезентација не успеа да го изненади Бразил. Загуби со 2:0, а и беше потребна победа или најмалку нерешен резултат, со тоа што во тој случај Костарика требаше да ја победи Швајцарија со два гола разлика.

Ништо од тоа не се случи, па репрезентација на нашиот северен сосед си заминува дома по три одиграни натпревари во кои два пати претрпе пораз, а ја победи само Костарика на почетокот од првенството.

Истовремено, Швајцарија и Костарика одиграа 2:2, што ги однесе Швајцарците на второто место во групата. Во следната фаза, тие ќе играат со Шведска, додека Бразил ќе се сретне со Мексико.