Во последниот натпревар од денешното коло на Лигата на Европа, грчки Олимпијакос го елиминираше Арсенал на реванш натпреаврот во Лондон, со гол во 119 минута, односно на истекот од последната минута од двете продолженија.

За да биде разочарувањето за Арсенал поголемо, тие ја имаа победата в рака со гол во 114 минута. Така израмнија на 1:1, откако во регуларните 90 минути претрпеа пораз од 1:0, идентичен на нивната победа во Атина.

Остануваа 6 минути до крајот при резултат 1:1 и пласман на Арсенал. Со оглед на традиционално не многу ефикасната игра на Грците, лондончани веќе беа во наредното коло.

Но, во 119 минута Ел Араби постигнува гол за Олимпијакос, судијата го продолжи натпреаврот во продолженијата за три минути, Арсенал во последните секунди имаше можност каква што се пружа еднаш во десетина години, но топката заврши крај стативата. Атина и Олимпијакос вечерва слават.