Аталанта вчера го совлада Каљари (1:0) на гостински терен во 30. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Клубот од Бергамо го постигна 41-от гостински гол во сезоната во Серија А. Ова е најдобриот резултат во историјата на лигата, по 15 одиграни мечеви на гостински терен.

Вкупно во тековното првенство, Аталанта има 83 гола. во моментот екипата го зазема 4. место на табелата.