Интер се искачи на првото место на табелата во Италија по победата од 1:0 над Удинезе.

Стрелец на голот за домашната екипа беше Стефано Сенсеи во 44 минута.

Сепак, треба да се напомене дека гостите играа во намален состав повеќе од 55 минути по црвениот картон на Родриго Де Пол.

На крајот од мечот во игра за Интер се појави и Алексис Санчез. Тој можеше дури и да реализира, но голамнот Мусо ја спаси својата мрежа.

Интер забележа добро заслужена победа која го искачи на врвот на пласманот.

Претходно во текотна денот, Јувентус ремизираше со Фиорентина 0:0, додека Наполи запиша победа над Сампдорија на „Сан Паоло“ со 2:0.