Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус синоќа во дербито на 7.коло од Серија А го совлада Интер на гостински терен со 2:1.

Головите за „бјанко-нерите“ ги постигнаа Пауло Дибала (4. минута) и Гонзало Игуаин (80. минута), додека за домашните погоди Лаутаро Мартинез од пенал во 18. минута.

Јувентус со 19 бодови се искачи на врвот на табелата, додека Интер кој го забележа првиот пораз по шест победи, падна на втората позиција. Аталанта е трета со 16, Наполи има 13, Рома собра 12 бода.