Тимот на Рома започнал преговори со Антонио Конте за заменик на Еузебио ди Франческо, но поранешниот менаџер на Челзи очекува повик од Манчестер Јунајтед или ПСЖ, тврди весникот „Панорама“.
„Џаларосите“ веќе губат доверба во Франческо по серијата слаби резултати во Италија и во Лигата на шампионите. Во последниве недели Конте пак беше забележан на трибините во неколку натпревари од Серија „А“.
Во моментов искусниот ментор се тужи со Челзи, барајќи сериозна казна откако беше заменет од Маурицио Сари во текот на летото.