Португалската мегаѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна гол против Лече од пенал во победата од 4:0 во дуелот од 29-то коло од Серија „А“.

Така, 35-годишниот напаѓач забележа уште едно неверојатно достигнување во Италија.

Роналдо постигна го против 20-тиот тим во Серија „А“, не успевајќи да постигне гол само против Киево во сезоната 2018/2019. Тогаш тој промаши пенал и Киево беше префрлен во Серија „Б“.

Оваа сезона Роналдо играше на 35 натпревари за Торино во сите натпреварувања, постигнувајќи 26 голови и 4 асистенции.