Јапонските власти денеска ја проценуваат штетата предизвикана од силниот земјотрес во кој едно лице загина, а 29 се повредени. По земјотресот следеа повеќе од педесет последователни потреси.
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вчера во 14.42 часот по локално време (7.42 часот по средноевропско време) во префектурата Ишикава.
Најмалку 55 последователни потреси се регистрирани од првичниот земјотрес утринава, додека властите предупредија на ризик од лизгање на земјиштето во погодената област.
Најмалку 29 лица се повредени, соопшти денеска Националната агенција за управување со кризи.