Кина планира да воведе посериозни мерки за заживување на економијата погодена од епидемијата на коронавирусот.

Владејачката Комунистичка партија повика на проширување на буџетскиот дефицит, поголемо издавање обврзници на локално и национално ниво, намалување на каматните стапки, одложување на отплатата на кредитите, намалување на ограничените или недостапните ресурси, како и поттикнување на потрошувачката.

Според проценките на аналитичарите, се очекува министерствата во Кина да ги усвојат предложените мерки и да биде одобрена помош од неколку стотици милијарди долари.

Во Кина не се регистрирани нови случаи на пренесување на вирусот во земјата и тој практично е под контрола.

Како што пренесуваат странските агенции, поради тоа, фокусот сега е на обновата на економијата. Отворени се сите супермаркети, прехранбени продавници, трговски центри и фарми, како и 80 проценти од рестораните и 60 проценти од хотелите.

Во Кина има 54 новозаразени со Ковид-19, сите случаи се од странство.