Тренерот на Барселона Кике Сетиен зборуваше за специфичностите во работењето со тимот и неговите впечатоци од каталонскиот клуб.

– Во соблекувалната на Барселона се играчите кои освоија сè 15 години по ред. Управувањето со таков тим е сосема различно од сите други екипи. Имав неколку тешки моменти, но тоа е нормално во соблекувалната.

Среќен сум што имам можност да работам со таков тим. Ми се допаѓа во Барселона. Денот кога ќе го напуштам тимот, тоа ќе го сторам тивко, изјави Сетиен.

Шпанските медиуми пишуваат дека Сетиен е пред отказ, откако Барселона не ја одбрани титулата во Шпанија, а негова последна шанса да остане на „Камп Ноу“ е триумф во Лигата на шампионите.