Властите во Северна Кореја испратиле до Русија барање за хуманитарна помош од 50 милиони тони пченица.

Шефот на Комисија за надворешно политички прашања во рускиот Сенат, Константин Косачов изјави дека Пјонгјанг ја мотивира таа молба со тешката ситуација со храната во државата поради природни непогоди во 2018 година, објави Московскиј комсомолец.

Според Косачов, во моментот руските власти ги анализираат можностите за доставување пченица за Северна Кореја. Косачов додаде дека Москва преку ОН во изминатите години испратила помош за Пјопнгјанг  од околу 8 милијарди рубљи.