Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го посети контролниот центар на Националната администрација за вселенска технологија во Пјонгјанг, каде ги прегледа фотографиите што ги сними новиот шпионски сателит, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг.

Северна Кореја лансираше сателит пред два дена, а вчера тој прелета над Корејскиот Полуостров и сними фотографии од главниот град на Јужна Кореја, Сеул, како и градовите Мокпо, Кунсан, Пјонгтаек и Осан, каде се наоѓаат американски и јужнокорејски воени бази.

Сателитот покрај во Јужна Кореја, снимал и на Хаваи. Ким ги разгледал и фотографиите од поморската база Перл Харбор и воздухопловната база Хикам во Хонолулу.

фото: ДПА