Северна Кореја денеска ги осуди плановите на САД за состанок на Советот за безбедност за ситуацијата со човековите права во земјата.
Заменик-министерот за надворешни работи Ким Сон-Јонг ги нарече САД „сила во опаѓање“ и рече дека ако Советот се занимава со човековите права на која било земја, САД треба да бидат првите што ќе бидат нападнати „бидејќи тоа е антинародна империја на злото, целосно развратена од сите видови општествени зла“.
САД, кои овој месец претседаваат со Советот за безбедност, закажаа состанок за човековите права во Северна Кореја за четврток.
-Советот за безбедност „мора да се осврне на ужасите, злоупотребите и злосторствата извршени од режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил врз сопствениот народ, како и врз народот на Јапонија и Јужна Кореја“, рече амбасадорката на САД, Линда Томас-Гринфилд.
Русија и Кина, кои одржуваат блиски врски со Северна Кореја, блокираа секаква резолуција на Советот за безбедност, откако ставија вето на резолуцијата на САД во мај 2022 година, која би вовела нови санкции поради серијата лансирања на интерконтинентални балистички ракети од страна на Северна Кореја.