Доналд Трамп испратил порака до Пјонгјанг, нудејќи соработк во борбата против смртоностниот COVID-19. Во неговото писмо, како што е објавено, американскиот лидер ја пофалил Северна Кореја за нејзиното справување со пандемијата.

Како што пренесува омразената од Западот руска агенција „Русија Денес“, Трамп “ја изразил својата намера за соработка во брбата против епидемијата” се истакнува во веста на северно-корејската агенција KCNA.

Според објавеното, претстедателот Трамп “бил импресиониран од напорите на претсдеателот на С. Кореја да ги одбрани своите луѓе од сериозната закана на епидемијата”

Северна Кореја до сега нема потврдени корона вирус случаи, но јужно корејски извори инсистираат дека вирусот е проширен и кај соседите.

Пјонгјанг претходно стави голем број странски дипломати во карантин за да спречи проширување на заразниот вирус.

Трамп и Ким, досега имаа неколку средби, а според „Русија Денес“ често комуницираат преку писма.