Екипите на јавното претрпијатие „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно се соочуваат со фрлање маски и ракавици онаму каде што не треба, истакна на денешната прес-конференција директорот на претпријатието Абдусамед Шабани, кој најави дека планираат да постават посебни садови во иднина за таков вид отпад.
Нивна констатација е дека на одредени места каде има приватни здравствени установи се фрла медицински отпад каде вработените директно се изложени на ризик.
Тој апелира таквиот отпад да се фрла онаму каде му е место, а не надвор од тоа.
– Голем проблем имаме и со градежниот шут и со кабастиот отпад. Во годините наназад имавме неколку акции за собирање кабаст отпад и во иднина ќе правиме такви акции, но има неколку олеснувања за граѓаните, односно на нашата веб страница можат точно да се информираат за што се работи, рече Шабани.