Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници на Националното здружение на пациенти со механичка циркулаторна потпора на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце”.
На средбата, министерката Шахпаска ги слушнала предизвиците што ги има оваа група на граѓани и изразила уверување дека Министерството ќе биде партнер во надминувањето на сите потешкотии.
Истакнала дека сите овие групи на граѓани се високо на агендата во насока на градење на општество во кое во континуитет ќе се создаваат подобри услови за сите.
Министерката, како што соопшти ресорното Министерство, ги охрабрила присутните претставници, во име на сите останати граѓани кои ги претставуваат, континуирано да зборуваат за нивните потреби и во редовна комуникација да ги презентираат пред надлежните институции.