Израелската министерка за правда Ајелет Шакед изјавила дека американскиот претседател Доналд Трамп е „Черчил на 21 век“, поради префрлување на американската амбасада во Израел.

Таа истакнала дека со тој потег Трамп ја „промени Чемберленовата политика на капитуалција“ и му покажал на светот дека „земјопоседникот се вратил“.

Претходните американски претседатели, како и останатите лидери на другите земји, се воздржуваа од ваков потег, наведувајќи дека најпрвин треба да се реши статусот на градот низ преговори.

Шакед изјавила и дека затворањето на очи пред јакнењето на нацистичките движења значи затворање на очи пред јакнењето на Иран.

Израелците и многу христијани низ светот се воодшевени од потегот на Трамп, додека Палестинците го осудуваат префрлувањето на амбасадата на САД во Ерусалим.

Во текот на денешниот ден израелските сили убиле 18, а раниле над 900-тини Палестинци кај граничната ограда на Израел со појасот Газа, каде денеска, поради отворањето на американската амбасада во Ерусалим, Палестинците се собраа на протест, јави објави Вашингтон пост. АП претходно јави дека од огнено оружје се погодени две лица, а Ројтерс дека се убиени седум лица.

Британската агенција извести дека на границата се собираат демонстранти, како врв на шестонеделните протести против блокадатаа на границата и отворањето на амбасадата.

Израелските сили, според изјави на сведоци, испукале и солзавец кон демонстрантите. Известувачите на агенциите сметаат дека како ќе минува денот така протестите ќе ескалираат.