Жител на Кочани, на својот ФБ профил објави дел од сметката за струја (веројатно по индустриска цена) во која за потрошена електрична енергија треба да плати 71 000 денари, а за пренос и дистрибуција неверојтни 384.509,32 денари.
Или за пренос и дистрибуција треба да плати над 6000 евра, па згора на тоа и 0,32 пари. Каде ли само ги нашле и пресметале?
Неговиот коментар е:
„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар, а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ќе се чудите кој ќе ви помогне!!!
П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“