Активистката од тн. шарена револуција, проф. Мирјана Најчевска реагира на изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека се нужни уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.
– Оваа измена е болна затоа што е бесмислена, затоа што се прави под притисок на држава која има очигледни територијални претензии врз Македонија, која не ги признава Македонците како посебна етничка група, која не ни го признава јазикот, културата, историјата, посебноста, реагира Најчевска на изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој изјави дека „не мисли дека ова е измена на Уставот која е болна како што биле некои претходно“.
Најчевска го прашува што може да има поболно од ова.
– Навистина ми е срам да кажам дека со овој човек заедно сум учествувала во организирањето на шарената револуција. Мислам не дека ми се допаѓаше и во тој момент, ама мислев дека има барем минимум доблест некаде скриен длабоко во него, пишува Најчевска на Фејсбук.