Во наставната програма за шесто одделение за следната учебна година која е објавена на интернет страницата на Бирото за развој на образованието недостасуваат предметите географија, историја и етика на религиите.

Поради тоа жестоки реакции од родители стигнаа на Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ во која членуваат речисии 80.000 родители.

– Нашите деца не треба да знаат ништо од ова! Нашите деца не треба да знаат ништо за македонското минато и нивните предци. А што понатаму и без географија? Според нив и етика на религии кој е многу убав предмет во кој децата ги изучуваат сите религии во светот и начинот на верување итн, не треба да постои. Со еден збор го бришат моралното, етичкото, историското, религиското!- стои во објавата.

Активистката Драгана Спасевска, како што објави А1он, најави дека ќе се менува цел систем по моделот на Финска, а ќе има и нова концепција за средно образование.