Вчера, на претседателот на САД, Доналд Трамп, му беше поставено прашање за неговото мислење во врска со видеото кое ФБ, Твитер и ЈуТјуб го забранија, а кое Трамп го ретвитуваше и на својата страица. Тоа е видео на кое е снимена прес конференција на повеќе лекари, кои тврдат дека хидросксихлорикинот е лек за Ковид 19, ако се даде во рана фаза, а посебен настап беше на лекарката Стела Имануел која твреше дека маски не ви требаат, зашто лек има и дека таа излечила 350 пациенти.
Еве го одговорот на Трамп, по скандалот со забраната на видеото кое беше симнато и од неговата Твитер страница, но и по очигледно организраната хајка против употребата на хидроксихлорикинот како лек за Ковид 19, во комбинација со антибиотик и цинк, под услов да се даде веднаш штом ќе се појави првиот симптом. Обрнете внимание на второто прашање во кое што новинарката вели дека лекарката тврди дека хидроскихлорикинот лечи, ама експерти тврделе дека тоа не е така… Лекарката попатно вели дека кога постои лек, маска не ви треба, заклучување не ви треба, што не е точно, но од друга страна, зар не беше СЗО тоа кое тврдеше дека маската е штетна и не ве штити? Овие новинари како да се обучувани во Северна. Патем, кои експерти велат дека хидроскихлорикинот не лечи кога нема таква студија, освен што може да има искуства од овие пет месеци, но има и обратни искуства? А лекарката за која Трамп зборува и за која е прашан, наспроти тие експерти, тврди дека излечила 350 лица.
-Кое е Вашето мислење за ефикасноста на хидроксихлорикинот откако го ретвитувавте видеото во кое се тврди дека…
ТРАМП: Јас не тврдев… Тоа е препорака од многу луѓе и од лекари. Многу лекари мислат дека лекот е екстремно успешен, хидроксихлорикинот, заедно со азитромицин и цинк… Многу лкари мислат дека е екстремно добар, други мислат дека тоа не е така. Мислам дека прашањето е многу исполитизирано. Јас верувам во ефикасноста, знаете, го земав 14 дена и еве ме, тука сум. Мислам дека делува во раните фази, истото го мислат и многу лекари и треба да се соочиме со тоа, да погледнеме во тоа. Но, тоа е формула која е одамна присутна, се користи за маларија, за лупус и други болести. Формулата е безбедна, не предизвикува други проблеми. Јас немав проблеми, апсолутно немав никакви проблеми од користење на лекот… безбеден е. Јас почнав да го користам врз основа на тоа што го прочитав, читав многу за хидроксихлорикин… Доктор од Јеил излезе со силна поддршка, вчера група на доктори го сторија истото и нивното видео беше на интернет и поради некои причини интернет го симна видеото, твитер го стори тоа, фејсбук си симна исто така, не знам зошто, тоа е група на респектирани лекари… Зборуваше и една лекарка, имаше спектакуларен настап и кажа дека имала извонреден успех во третирање на пациентите и го симнаа видеото. Не знам зошто. Можеби имаат добра причина, можеби немаат… не знам…!
-Лекарката во тоа видео што го ретвитувавте рече дека не треба да се носат маски и дека има лек за Ковид 19, нешто што експертите тврдат дека не е точно. Исто така тоа е лекарка која тврди дека лекарите лечат земајќи ДНК од вонземјани…
ТРАМП: Можам да ви го кажам следното: таа беше заедно со многу други лекари и сите тие се поборници на хидроксихлорикин и мислам дека таа жена имаше импресивен настап, не знам од каде доаѓа, но таа рече дека има извонреден успех со стотици различни пациенти и мислам дека тоа што го кажа е битно, но не знам ништо друго за неа… Во благодарам!