Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“, објави вечерва вицепремиерката и министерка за одбарана Радмила Шекеринска.

– Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол. Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните капацитети на воздушно поморските сили на САД и на НАТО. Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството, објави Шекеринска на својот Фејсбук профил.

За средбата на својот Фејсбук профил информираше и Заев, посочувајќи дека таа се одржала на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

-Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите членки на НАТО Алијансата. Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација, се вели во статусот на премиерот.

Тој додава дека Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност.

-Најсилните земји во светот се наши сојузници, а С. Македонија е 30. полноправна земја членка на НАТО, вели премиерот во неговата објава.