Честитки до Зоран за добиениот мандат за составување влада, објави денеска вицепремиерката и министерка во заминување, по повод добивањето на мандатот на нејзиниот партиски шеф, актуелниот пратеник Зоран Заев.

– Заслужено драг пријателе. Аирлија и со среќа. Патот до просперитетот е послан со трње, но нема да ни биде првпат, се вели во честитката од Шекеринска до Заев, објавена на нејзиниот профил на Фејсбук.

Кон поздравите и честитките се придружија и голем број министри, заменици, државни и партиски функционери на СДСМ.